Павлина Црвенковска на местото на Киро Здравев
Павлина Црвенковска денеска едногласно беше избарана за претседателка на Судскиот совет. Веднаш потоа таа порача дека ќе ја извршува функцијата со професионален интегритет и дека тие судии што ќе работат одговорно и чесно ќе ја имаат за сојузник.
„Им порачувам на судиите во Македонија да продолжат да работат одговорно и чесно, да бидат ослободени од секакви притисоци и надворешни влијанија. Сите што работат совесно, во мене ќе имаат сојузник. Исто така, сакам да им ветам на граѓаните дека овој Судски совет ќе стори се за да го подигне интегритетот на правосудниот систем“, изјави Црвенковска.
Таа доаѓа на функцијата откако на Киро Здравев му истече мандатот.
Павлина Црвенковска е избрана за член на Судскиот совет од Собранието во декември минатата година. Од 2006 година до 2020 година работела како судски советник во Апелациниот суд Скопје. Претходно од 2004 година до 2006 година работела како Државен советник во Владата, а има работено и како Раководител на одделение во Министерството за одбрана. Од 1998 година до 2002 година работела како адвокат, а од 1996 година до 1998 година како Генерален секретар на Комора на приватен капитал на Република Македонија.