Пациентите што ќе се вратат од странство ќе се лекуваат во болницата во Кочани

Повеќето пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство ќе бидат вратени на лекување во Македонија, во следните две недели. Министерот за здравство Арбен таравари, вели дека ќе се обидат да направат услови поголемиот дел од нив да продолжат со лекување во кочанската болница, со оглед што пациентите се од таму.
За да се оствари ова сценарио, Таравари најавува дека следните денови ќе ја постетат болницата во Кочани, за да утврдат што е потребно за да се створат услови таму да продолжи лекувањето на пациентите со изгореници.
Вели дека во штипската болница има четири пластични хирурзи, а тие треба да помогнат во долготрајното лекување. Таравари најави дека тим од лекари и од Скопје ќе одат до Кочани за да помогнат во третманот,а денеска или утре ќе одат да ги увидат условите во кочанската болница.
Инаку, денеска ќе бидат испишани 16 пациенти. По сите направени испитувања, токсиколошки и други иследувања, утврдено е дека овие пациенти можат да се пуштат на домашно лекување.
Во моментот во Скопје се лекуваат 46 пациенти во јавно-здравствените установи и уште осум во приватните болници.
– Триесет пациенти ќе останат во Скопје, но истовремено се подготвуваме за прием на пациенти коишто се лекуваат надвор од државата. Надвор од државата се лекуваат 115 пациенти – рече министерот за здравство Арбен Таравари.
Оваа недела се очекува осум пациенти да почнат да се примаат прво во клиниките кај нас, а потоа ќе се испртати во клиниката кадешто треба да се лекува пациентот.
Најмалку ден, два ќе останат на клиника, а потоа ќе бидат пуштени дома.
Во моментот четири пациенти се покритични од тие што се лекуваат во странство, за разлика од вчераните пет.
Постои можност од инфекции што може да се јават кај пациенти од ваков тип.