Пациенти со кокаин, виски и вијагра – д-р Беќаровски споделува искуства од дежурствата на Токсикологија


Фото: Б. Грданоски

Нема дежурство без кокаин, црн џип и вијагра. Со овие зборови професор Беќаровски го сподели своето искуство во последните 12 месеци како изгледа дежурство на Токсикологија. Загрижувачки е дека пациентите се на речиси 30-ина години. Тоа што порано се сметаше дека кокаинот е дрога за богатите, сега веќе имате дилема, вели Беќаровски.

Во меѓувреме производството на нови синтетички дроги е секогаш два до три чекори пред здравствената фела, вели Беќаровски. Годишно излегуваат 100 до 125 нови дроги годишно во светот. За жал Македонија ги следи ваквите трендови, но со ограниченоста на нашите лабораториски капацитети не можеме да докажеме за кој тип на дроги се работи.  Сепак тука не се затвора прашањето со зависностите, милион и двеста илјади пакувања диазепам да се препишат во една година значи дека секој полнолетен граѓанин земал по кутија и пол, вели Беќаровски.

За професор Ангеловска, фармацевт  важно е граѓаните да знаат дека диазепамот  предизвикува зависност и тоа да им го потенцира лекар кога го пропишува лекот и кога фармацевтот го издава. Причините за зголемена употреба може да бидат различни.

Според Ангеловска зголемената употреба можеби подобро се согледува сега заради построгата казнена политика за аптеките што го издаваа порано без рецепт, сега пак се бара задолжително рецепт за граѓаните и евиденцијата е попрецизна.