Пациент се обидел да прегази со возило вработена на Трансфузија
Вработена на Институтот за трансфузиона медицина пријавила во полиција дека пациент се обидел два пати да ја прегази со возило во дворот на Клиничкиот центар.
– На 26.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило, инфомрираа од полицијата за овој случај.