Овие намирници не ги јадете кога ќе се оладат! Тие можат да станат легло за бактерии


Кога следните намирници се топли, бактериите немаат време да се развијат, затоа никогаш не ги консумирајте кога се ладни!

Дали секогаш ги загреваме некои јадења или не, пред се зависи од вкусот. Некои луѓе не можат да замислат да јадат месо кое не е топло, додека има и такви кои исто толку ќе уживаат во ладно парче. Загревањето на храната може да доведе до губење на хранливата вредност и промени во текстурата, вкусот и мирисот на храната. Сепак, постојат некои намирници кои никогаш не треба да се консумираат ладни.

Нутриционистите велат дека треба да избегнуваме ладни јадења со компири. Не само што нема да има ист вкус како свежо подготвен оброк, туку и скробот од компирот во таков случај слабо се вари. Ова може да доведе до болки во стомакот. Ладниот ориз лесно може да стане почва за патогени бактерии. Ако го чувате долго време на собна температура, подобро е да не го јадете.

Варените јајца може да се јадат топли или ладни, но важно е да бидете сигурни дека тие се добро сварени. Доколку не се, може да содржат бактерии и во тој случај подобро е да ги избегнувате. Опасните микроорганизми можат да почнат да се размножуваат во ладното месо, па затоа пред да се послужи исто така треба да се загрее пред консумирање. Истото важи и за рибите.