Овци барале трева, па изеле 100 килограми канабис: Овчарот забележал чудно однесување на стадото

По топлотниот бран и невремето што ја зафати Грција, овците тешко наоѓаа свежа трева. Кога пронашле стаклена градина со канабис, изеле речиси се што имало во неа


Стадо овци во потрага по свежа трева по екстремните поплави во Грција почнало да се однесува чудно, изјави нивниот сопственик. Набрзо сфатил дека изеле големи делови од родот од стаклена градина во која се произведува медицински канабис.

Сопственикот рече дека родот веќе бил сериозно оштетен од топлотниот бран и бурата Даниел, а овците го завршиле „она што останало“.

Стадото пасеше во поплавените рамнини на Тесалија, во централна Грција, пред да се упати во стаклена градина во близина на градот Алмирос за да консумира околу 100 килограми канабис, пишува Sky News.

„Не знам дали да се смеам или да плачам. Имавме топлотен бран и изгубивме многу производство. Имавме поплави, изгубивме речиси се. А сега ова. Стадото влезе во стаклена градина и јадеше што остана. Не знам што да правам, рече искрено“, рече сопственикот на земјоделската култура, пренесе Дневник.хр.

Овчарот забележал чудно однесување кај стадото.

Разорна бура

Бурата Даниел ја погоди Тесалија претходно овој месец, поплавувајќи градови и села и убивајќи повеќе од 100.000 животни. Стотици жители беа префрлени со хеликоптери или извлечени од поплавените домови со чамци за спасување, додека многу посеви беа измиени.

Дождното невреме, кое усмрти 17 лица, беше најсилното во земјата досега , а дојде по разорните шумски пожари. Земјоделското производство беше сериозно погодено.

Грчкиот премиер Киријакос Митотакис рече дека земјата се соочува со значителни предизвици поради климатските промени. Неговата влада размислува да воведе дополнителни мерки за помош на погодените од природни катастрофи.