Оваа година летото би можело да биде пократко, најавуваат метереолозите
Според нумеричките модели кои ги следат метеоролозите, по се изгледа дека во март и април ќе имаме снег, дожд, студено време и мраз.
Метеорологот Славчо Попоски вели дека ова топло време ќе го платиме во следните два месеци.
Дополнително, како што објави тој, ладниот метеоролошки феномен „Ла Ниња” може да пристигне уште во текот на ова лето, а не кон крајот на истото и на почетокот на есента како што прогнозиравме во јануари.
Оваа година за разлика од минатите години, летото би можело да биде пократко, но и без некои долги екстремно топли бранови, но и со повеќе временски непогоди и врнежи.
Топлиот феномен “Ел Нињо” ќе започне да ја намалува својата сила уште во пролетните месеци, а значително ќе ослабне во текот на летото, со што ќе добива на сила ладниот феномен “Ла Ниња”.