Ова се компаниите од елитниот „Клуб од билион долари“ (инфографика)

Само неколку компании со кои се тргува на берзата успеаја да постигнат пазарна капитализација од билион долари (илјада милијарди) или, поточно – само шест.
Епл и Мајкрософт се исто така единствените компании што досега ја надминале границата од 2 билиони долари.
Фејсбук се приклучи на ова елитно друштво во јули 2021 година и го продолжи својот незапирлив раст. Со само 17 години работење, Фејсбук е најмладата компанија што достигнала вредност од билион долари, пренесува Банкар.ме.
Саудискиот државен гигант за нафта и гас Сауди Арамко е единствената компанија надвор од САД што влезе во ова друштво. Ова е еден вид преседан бидејќи американските компании доминираат на листата на најголеми корпорации ширум светот.
Ретки се и компаниите со пазарна капитализација од над 500 милијарди долари. На следната листа од шест компании, највредниот светски производител на автомобили Тесла е уште еден силен кандидат да се приклучи на клубот „Four Comma“ (четири запирки).
Погледнете ја инфографиката што ја изработи visualcapitalist.com: