Откупот на грозјето денес на владина седница


Владата денеска ќе ја одржи петтата седница, информира владината прес-служба.
На седницата, на предлог на Министерството за економија ќе биде разгледан Предлог-законот за општа безбедност на производите.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред за разгледување е и Информацијата за состојбата на откупот на грозје од реколтата 2020, како и Информацијата за исплата на пензии, за септември 2020 година, подготвена од Министерството за труд и социјална политика.