Откако лани му изгореа три деца во Шри Ланка: Данскиот милијардер стана татко на близначки
Данска- Данскиот милијардер Андерс Холц Повлсен (47) на кого пред година дена му изгореа три од четири деца во хотел во Шри Ланка, како резултат на бомбашки напад, со сопругата станаа родители на близначки. Двојката изгуби син од пет години и две ќерки од 12 и од 15 години.
Лани, веста за семејната трагедија на дискретниот сопственик на модни брендови, ена го потресе светот. Повлсен не ѝ беше познат на јавноста иако неговото богатство Форбс го процени во 2018 дека изнесува 8 милијарди долари. Тој е и најголемиот земјопоседник во Шкотска, сопственик на 89 илјади хектари земја.