Осумдесет и едногодишна Гркинка ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди
Сега, на 81 година, решив да исполнам еден мој стар сон, вели Анастасија Геролимату, од грчкиот остров Кефалонија, која денеска ќе се обиде да влезе во Гинисовада книга на рекорди, поминувајќи 18 наутички милји со едрење на даска, jави МИА од Атина.
Таа потенцира дека е аматер во спортот со кој се занимава веќе 41 година, учела сама, а сега веќе е подготвена за подвигот, од местото Скала на островот Кефалониа да стигне на другата страна, на пристаништето во градот Килини на Пелопонез и да помина 18 наутички милји.
– Возраста е само една бројка – пишува Геролимату на Фејсбук во пресрет на денешниот подвиг. Вели дека ќе ја помине нејзината Одисеја за да биде пример за сите, а особено за младите.
Кусо по 12 часот подвигот започна, 81-годишната Гркинка се качи на нејзината штица и се очекува на целта да стигне по околу четири часа.
Организаторот на настанот Јанис Скуројанис, за грчката новинска агенција АНА-МПА, утрово изјави дека „госпоѓа Анастасија е подготвена за големиот подвиг“, а нејзин сојузник е ветерот кој дува во правец што ќе ѝ помогне побрзо да стигне до Килини.