Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив на протест
Вработени од јавната администрација денес ќе излезат на проест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата.
Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, во изјава за МИА велат дека на протест излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив.
Освен денешниот протест, во средата во штрајк стапија вработените од Државното правобранителство со истите барања.