Осум лица повредени во сообраќајката на автопатот Велес – Скопје кај Катланово


Две лица се тешко повреди, а уште шестмина се здобиле со полесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Велес – Скопје во која учествувале две патнички возила, едно од Велес, едно од Германија и товарно возило со скопски таблици.

Според првични податоци на МВР, околу 11:55 часот на автопатот Велес – Скопје, атар на село Катланово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со велешки регистарски таблици управувано од Р.Т. (1987) од Велес, патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки управувано од С.Ј. (1978) од Германија и товарно возило „ивеко“ со скопски таблици кое било запрено од С.Б. (1975) од Скопје.

-Со тешки повреди се здобиле двајца сопатници во возилото „ауди“ од Германија, додека возачот и уште една сопатничка во аудито се здобиле со телесни повреди, како и четири сопатници во возилото „алфа ромео“, информираа од МВР за МИА.

Извршен е увид на местото на несреќата од екипа на СВР Скопје. на местото на сообраќајната незгода сообраќајот се одвива тежнато.