Островот може да исчезне, а неговиот министер вака се обрати до ОН
Министерот за надоврешни работи на Тувалу одржа говор на климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов стоејќи до колена во морската вода за да покаже дека неговата држава е на првата линија на климатските промени, пишува Си-ен-ен.
Фотографиите од Симон Кофе во костум и врска какос тои на говорница поставена во морето. сп подвиткани ногавици, се проширија по социјалните мрежи.
„Изјавата ги споредува поставките на COP26 со вистинска животна ситуација со која се соочува Тувалу, поради влијанието на климатските промени и порастот на нивото на морето, и ги нагласува храбрите акции кои Тувалу ги презема за да се справи со итните прашања на човечка мобилност во услови на климатски промени“, рече Кофе во својата видеоизјава.
Таа треба да се прикаже на самитот за клима во вторник, а доаѓа во момент која регионалните челници заговараат поагресивно делување за да се ограничи влијанието на климатските промени.
Многу големи загадувачи ветија дека поинтензивно ќе се се обидат да ги намалат емисиите на CO2 во следните десетлетија, а некои имаат цел за нула емисии до 2050 година.
Но, челниците на пацифичките острови побараа итна акција, истакнувајќи дека во прашање е опстанокот на нивната земја.