Остра кавга меѓу Каја Калас и Марко Рубио на состанокот на Г7
Калас го прашала Рубио што стана со неговите ветувања пред една година дека Вашингтон ќе биде поостар спрема Москва. Рубио бил видливо вознемирен
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, го праша државниот секретар Марко Рубио кога САД ќе бидат построги кон Русија за време на состанокот на министрите на Г7 во петокот, предизвикувајќи остра реакција, според три извори кои присуствуваа на состанокот.
Напнатата размена на мислења, која се одржа пред сојузничките министри за надворешни работи, беше симптоматска за меѓусебната недоверба меѓу САД и многу од нивните европски сојузници околу војната во Украина, пишува „Аксиос“.
За време на дискусијата за Украина, Калас – која е силно антируски расположена Русија и поранешен премиер на Естонија – ги критикуваше САД за тоа што не го зголемија притисокот врз Москва, според изворите.
Таа забележа дека Рубио на истиот форум една година претходно рекол дека ако Русија ги попречи напорите на САД за завршување на војната, САД ќе го загуби трпението и ќе преземат повеќе чекори против Кремљ.
„Помина една година, а Русија не се помрдна“, му рече Калас на Рубио, според изворите. „Кога ќе ви снема трпение?“ Според изворите на „Аксиос“ Рубио бил видливо вознемирен
„Правиме сѐ што можеме за да ја завршиме војната. Ако мислите дека можете подобро, слободно. Ќе се повлечеме“, возвратил тој, подигнувајќи го гласот.
Рубио рекол дека САД се обидуваат да разговараат со двете страни, но само на едната страна, Украина, ѝ помагаат со оружје, разузнавање и друга поддршка.
По таа жестока размена на мислења, неколку европски министри во просторијата се вмешаа велејќи дека сè уште сакаат САД да продолжат со дипломатијата меѓу Русија и Украина, рече еден извор за „Аксиос“.
Два извори рекоа дека на крајот од состанокот, Рубио и Калас имале кратко повлекување настрана за да се обидат да ги смират работите.
„Тоа беше искрена размена на мислења. За тоа служи дипломатијата“, изјави за „Аксиос“ функционер на Стејт департментот.
Во разговор со новинарите по состанокот на Г7, Рубио негираше дека имало какви било тензии или критики.
„Овие состаноци честопати се благодарност кон Америка за улогата што ја одигравме… и ја ценат посредничката улога што се обидовме да ја играме во оваа војна меѓу Русија и Украина“, рече Рубио. Никој таму не вреска, не го крева гласот, ниту пак кажува нешто негативно.“
Европските лидери со месеци се нервозни во врска со мировните преговори меѓу Украина и Русија, предводени од САД.
Војната во Иран ја зголеми вознемиреноста во Европа, особено откако САД дадоа олеснувања за да дозволат продажба на руска нафта, сега по сè повисоки цени.
Минатиот викенд, висока украинска делегација го посети Мајами и се сретна со пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за да разговараат за мировниот процес. Украинските претставници изјавија дека во последно време не е постигнат значаен напредок и дека е јасно дека вниманието на САД е целосно насочено кон Иран.
За време на состанокот за Иран, Рубио им рече на своите колеги од Г7 и европските земји дека Вашингтон ќе ја поздрави нивната помош во Ормутскиот теснец откако ќе се смири жешката фаза од војната на Блискиот Исток. Тоа е спротивно на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го нападна своевропските членки на НАТО како „КУКАВИЦИ“ затоа што не помогнаа да се исчисти теснецот додека ракетите и дроновите летаат. „Трамп твита едно; ние слушаме друго“, рече еден функционер за „Политико“.