Основниот суд Кавадарци уништи документиран материјал со изминат рок на чување


Основниот суд Кавадарци уништи документиран материјал со изминат рок на чување, информираа денеска од кавадаречкиот суд. Се работи за документиран материјал, списи од предмети.

– Врз основа на Решението за уништување на документираниот материјал УП1 бр. 17-111 од 24 јули оваа година на Државниот архив на РС Македонија и дадената согласност на Основен суд Кавадарци, денес во Еуро Никел во село Возарци беше извршено уништување на 100.000 документиран материјал – предмети, согласно Законот за архивски материјал. Во процесот на подготовката, транспортот и уништувањето беа вклучени сите вработени од Основен суд Кавадарци, појаснија од Судот со проширена надлежност.

Оттаму нагласија дека со извршеното уништување на документираниот материјал, којшто беше со изминат рок на чување, постапено е во согласност со Законот за архивски материјал и е овозможен нов простор за архивирање на други предмети.