Основачко собрание на Советот на амбасадори

Целта на Здружението е преку своите активности да помогне во креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграцциите.
Советот ќе се залага за зајакнување на капацитетите на институциите кои ја креираат и практикуваат надворешната политика, со унапредување на билатералните политички, економски и културни односи со трети земји, развој на нашата дипломатска мрежа и нејзиното успешно функционирање, активно и успешно учество на нашите дипломатски претставници во мултилатералните организации и меѓународните конференции.
– Во своето дејствување Советот ќе соработува со државните институции надлежни за креирање и спроведување на надворешната политика, со образовните и научните институции, со невладините организации, со стопанските комори, како и со слични европски и меѓународни здруженија, соопштија од Иницијативен одбор на ,,Советот на амбасадори“.
На Основачкото собрание, како што е најавнео, ќе биде усвоен нацрт – ,,Статутот на Советот на амбасадори“, предлог мисијата и предлог програмата, а ќе биде избран Извршниот одбор на здружението, претседател и потпретседатели на Советот.