Основачите на Бионтек најавуваат вакцина против рак до 2030 година
Вакцините против рак би можеле да се направат до 2030 година, судејќи според зборовите на коосновачите на германската фармацевтска компанија Бионтек, Угур Шахин и Озлема Тиречи, чија работа е позната по создавањето вакцина против Ковид за време на пандемијата со американскиот „Фајзер“.
Германската фирма се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, рак на кожата и некои други видови на рак, но постојат големи пречки за решение, пренесе Танјуг.