Османли и Маџиров ја претставуват  македонската литература во грчката антологија „Балкан“


Од 26-28 септемвриво Грција ќе се одржи важна културна и книжевно теоретска средба, Првиот Конгрес  на интелектуалци, насловена „Меѓубалкански литературни среќањава“ со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“, настан во чиј пресрет е објавена и  антологијата „ Б а л к а н – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, 09.2025).  Антологијата, која има 456 страници е составена од Еви Вулгараки ПисинаАнгелос Калогеропулос и Димитрис Склирис. Станува збор за уште една, за недолго време објавена јазично комплетна книжевна антологија што опфаќа преводи на грчки, од сите балкански јазици. Таа опфаќа 57 автори и 12 преведувачи што приопшиле литературни дела од Грција, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Турција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Албанија и Хрватска. На официјалната најава по азбучен ред и според националните писма на земјите, поброени се главните градови на дванаесетте балкански држави.

Новата книжевна антологија „Балкан – современа книжевна антологија“ вклучи преводи од  македонски јазик на творби од двајца наши истакнати авториТомислав Османлипрозаист и Никола МаџировпоетПреводот на грчки јазик е на Мариа Думба.

Претходно, во соседна Грција беше објавена исто така јазично компетната „Антологија на балканското расказно творештво“ во која  покрај Томислав Османли, составувачот Д-р Ставрос Дајос, своевремено опфати творби уште седум прозни автори од нашата литература. Таа антологија објавена од солунското книгоиздателство „Литератус“ на 428 страници и опфати 71 расказ на плејада балкански прозни дејци од последните два века.

Тридневната научно-теоретска средба „Меѓубалкански литературни среќањава – Разбирајќи го Балканот низ литературата“ ја организира асоцијацијата „Меморија и авангарда – отворање нови патишта“, а ќе се одржи во Конгресниот центар Елкиона, во Алиартос тесалиска Биотија.

Средбата како и објавата на Антологијата ја поддржува Грчкото министерство за култура.