Османи: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е етничка место државна
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со предложената резолуција на опозоциската партија ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата, денеска изјави дека неговата партија ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија.
-Се плашам дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позиција, вели Османи.
И покрај притисоците од опозицијата, посочи министерот, не навлеговме во негативен дискурс со Бугарија и пред очите на светот добивме признание дека ние сме во право.
-Постигнавме етнички консензус. Никогаш државата не била вака едногласна. Најголемата грешка што може да ја направиме до сега, од една државна позиција која има кредибилитет пред светот, некој сега да ја претвори повторно во етничка, изјави Османи во „Утрински брифинг“.
Тој вели дека ако заради некои политички, партиски амбиции, овој државен консензус кој што го постигнавме се претвори повторно во етничко прашање, тоа е најголемата штета што може да ја направи.
-Ако треба да се донесе некаква резолуција тоа треба да биде производ од сите, а не наметната од некоја политичка партија. ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седната политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија, како што напоменав се плашам дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позција, рече Османи.