Османи: Oпции за почеток на преговори се јуни или декември
Тоа што нас не штити во спорот со Бугарија се принципите, не само нашите, туку, пред се европските и тоа е нашата најсилна страна во овој спор, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Се обидуваме тие принципи да ги аргументираме и пред Бугарија и пред нашите пријатели. Правдата е само еден од принципите, но ги има многу принципи кои ја имаат заштитено европската идеја во последните 75 години. При сите бранови на ширење на ЕУ имало обиди за наметнување на билатерални прашања, за кочење на процесот, но секгаш Унијата излегла посилна при тие пречки и секогаш успеала. Тоа го направила врз основа на почитување на принципите, вели Османи во гостувањето на емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 вести.
Според него, јуни, а потоа и декември се можни датуми за одржување на првата меѓувладина конференција на ЕУ со С Македонија, затоа што, вели, во септември ќе бидеме повторно во кампања за локалните избори.
-Во анализите, јуни ми изгледа како подобра можност, но за жал, тоа што се случи во Бугатија да нема влада го искомпликува тој прозорец на можности, потенцира министерот.
Истакнува дека засега на маса е портулагскиот предлог кој ние го оценивме како добра основа заедно со европските пријатели, но не и Буагрија. Смета дека тоа е предлог кој ги адресира сензитивностите на сите три страни.