Османи очекува Брисел да ги вреднува постигнувањата во време на пандемија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека очекува Извештајот на ЕК да го нотира прогресот на земјата остварен во сите сфери, а политика на Владата во овој мандат ќе биде имплементација на донесените закони и забрзано спроведување на реформите, со акцент во делот на владеење на правото.

-Очекувам дека ЕК ќе го нотира прогресот постигнат во сите сфери кои што се дел од европскиот пат на земјата, пред се, во делот на владеењето на правото. И тоа не со акцент во носењето на нови закони, на кој беше посветен првиот дел од мандат во линија на принципите на ЕУ. Вториот дел од мандатот, односно овој мандат треба да биде на имплементација, имплементација имплементација. И тоа ќе биде нашата политика по однос на спроведувањето на реформите преку конкретен список на постигнувања кои произлегуваат како резултат на таа нова клима, рече Османи.

Очекува и вреднување на улогата на државата во услови на пандемија, каде одржување на избори без функционален парламент и при постоење на техничка влада, вели, беше сериозен тест за демократските институции на земјава и пред граѓаните но и пред ЕУ.

-Начинот на кој се менаџираше пандемијата,  начинот на кој се организира избори во услови на немање парламент беше положување на сериозен тест за државата и тоа очекувам да го има во Извештајот, рече Османи.

Според него покрај пакетот за проширување важен е и Економско-инвестицискиот пакет вреден околу 9 милијарди евра за Западен Балкан, кој ќе биде презентиран во Брисел од Вархеји, а кој треба да даде импулс во економскиот развој на земјите но и во конверегенција на еномиите од регионот во смисла на создавање заеднички пазар во интерес на сите. Средствата ќе бидат  дел во форма на грантови, а дел кредити.

На новинарско прашање Османи истакна дека очекува акцентот во Извештајот да биде ставен на реформите во владеењето на правото, односно забрзување на нивното спроведување, за што веќе разговарале со Вархеји минатата недела за време на посетата на  Брисел.

-Ние веќе како Влада спремаме нов акционен план бидејќи се покажаа како успешни инструменти за насочување на општетствената енергија во постигнување на конкретни резултати. Владеењето на правото ќе биде една од првите поглавја во тој акционен план кој треба да го донесе Владата, но и сите наши други обврски во смисла на зајакнување на капацитетот на демократските институции, но и на нормално функционирање на општретството во целина, вели Османи.

Во однос на конастатираните слабости во Извештајот за напредокот на земјата, шефот на дипломатијата остави прво и официјално ЕК да го презентира Извештајот за земјата, но нагласи дека тие ќе бидат серозоно земени предвид и на нив ќе се работи согласно акциските планови на Владата.