Османи не знае кои се „кртовите“ што работат против преговорите со ЕУ


Македонските институции и натаму се обидуваат да го утврдат идентитетот на државните службеници кои се обидувале да го минираат преговарачкиот процес со Бугарија и со тоа и евроинтеграцијата, а со тоа и да лоцираат каде работат и дали имаат пристап до доверливи информации.
 
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денес појасни дека информацијата за тие службеници и за нивните активности ги добил  од официјална Софија. Оттаму дошла информацијата дека има кртови во македонската администрација кои агитираат против преговорите, но не било соопштено кои се тие и со кого контактирале во Бугарија.

 

Османи, пред петнесетина дена, најави дека има структури во Македонија и во Бугарија кои се обидуваат да го држат отворен спорот и дека ќе бидат уште поактивни како што ќе се наближува решението во преговорите.