Османи: Има сериозни прозорци на можности за решение со Бугарија до крајот на годината
Шефот на дипломатијата Бујар Османи оцени дека постојат сериозни прозорци на можност да се дојде до решение со Бугарија до крајот на годината. Османи оценува и дека за да се дојде до решение од голема важност ќе биде и политичкиот контекст во Софија, односно дали ќе се формира влада или повторно ќе се оди на нови избори.
Клучно ќе биде дали ќе има страна во Бугарија која ќе може да влезе во дијалог со нас во однос на овие прашања. Јас сум вечен оптимист, меѓутоа сметам дека има сериозни прозорци на можност до крајот на оваа година и сите се ангажирани. Прозорците се пред и по нашите избори, септември, октомври и декември, на кои ние таргетираме и мислиме дека постои шанса да се најде решение, но сакам да не се врзуваме со датуми поради тоа што општеството живее со тие рокови и со тие надежи и фрустрации на датуми и рокови – изјави Османи.
Министерот посочи дека постои простор за решение, бидејќи веќе двете претходни претседателства со ЕУ, на Германија и на Португалија, успеале да најдат решение коешто е прифатливо, и како што вели, само треба да има контекст којшто недостасува во моментов во Бугарија за да има постоење на институции, како и поголема политичка волја и ангажман да се дојде до решение.
Многу е важно да се формираат институциите во Бугарија за да може да имаме дијалог којшто може да произведе резултати. Јас бев на ставот дека и техничка Влада може да испорача резултати, политичка одлука за преговори веќе имаме, но тоа се покажа дека во услови немање собрание и влада нема можност да се надмине ова прашање. И оттука клучно е дали од ова собрание коешто беше конституирано денеска ќе се произведат институции или Влада. Имав и состанок со заменик министерот за надворешни работи на Бугарија во рамки на конференцијата во Дубровник и разговаравме дека веднаш по конституирањето Влада ќе почнеме да комуницираме во однос на документот што се дефинира како патоказ. Формални разговори со бугарските претставници ќе се почнат во моментот кога ќе се формира новата Влада, иако имавме разговори и со техничката Влада – додава Османи.
Тој потсети дека словенечкото претседателство продолжува активно со својот ангажман во рамки на претседателството за да се надмине ова решение и дека тоа решение на претседателството е добра основа на која теба да се продолжат разговорите во наредниот перио