Османи гледа невообичаена активност во ЕУ за да добиеме датум


Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција,  оцени дека во последно време сме сведоци на невобичаена ангажираност на сите земји членки на ЕУ да биде решен спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и да добиеме датум за почеток на преговорите.

„Гледаме невобичаена ангажираност на сите земји членки. Ете го слушнавме ставот на Макрон и на другите челници. Прашањето на овој регион се сведува на Северна Македонија. Ако на ова перфектно досие не се одговори позитивно, навистина остава сомнеж колку ЕУ сака интеграција на земјите од Западен Балкан.

Земјите се согласуваат дека нашата приказна станува модел за прогрес на земјите од овој регион, но остануваат разликите со Бугарија. Јас не можам да кажам каков ќе биде исходот сега на 22. јуни, но се обидуваме да биде организирана првата меѓувладина конференција“, рече Османи.

Тој ги  ги коментираше протестите на опозицијата, кои за него се без причина. Османи вели дека е подготвен да разговара со секого и да се најде заедничко решение.

„Протести се организираат кога се затворени вратите, а во МНР вратите се отворени. Јас сум подготвен, и тоа го кажувам, да разговараме и секогаш сум транспарентен. Навистина не ги разбирам овие протести. Барем гласачите немаат различни цели. И нашите гласачи, и нивните имаат цел – членство во ЕУ и тоа е нешто кое треба да не спојува и да работиме заедно да најдеме решение“, рече Османи.