Гаши е во Хрватска, се сретна со претседателот на Саборот, Јандроковиќ


 

Спикерот на македонскиот парламент, Африм Гаши, е во посета на Хрватска, каде денеска се сретна со претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ. На средбата беше констатирано дека двете држави имаат одлични односи, кои се карактеризираат со искрено пријателство, доверба и меѓусебна почит. Гаши изрази благодарност за силната и континуирана поддршка на Република Хрватска за нашата стратешка цел за полноправно членство во Европската унија.

На средбата беше потврдена важноста на парламентарната соработка и подготвеноста за интензивирање на контактите меѓу групите за соработка. Гаши информираше и дека Договорот за стратешка соработка меѓу владите на Северна Македонија и Хрватска, потпишан на 26 мај 2026 година во Охрид, помина на Комисијата за надворешна политика на 10 ноември, како и дека е ставен на дневен ред на пленарна седница на 1 декември.