Осигурената штета од поплавите во јули достигнува 12 милијарди долари

Осигурената штета од поплавите во јули во Европа изнесува околу 12 милијарди долари, а штетата предизвикана од ураганот Ида во САД е меѓу 28 и 30 милијарди долари, објави швајцарскиот реосигурител Swiss Re.
Компанијата го проценува својот дел од побарувањата за штета предизвикана од поплавите на 520 милиони американски долари.
Барањата за оштета од ураганот Ида треба да достигнат 750 милиони долари, велат тие.
Ураганот Ида сериозно го оштети производството на енергија на САД во Мексиканскиот Залив и е меѓу најскапите природни катастрофи за осигурителите од 2005 година.
Ида ја уништи дистрибутивната мрежа на Средниот Запад, а во обилните дождови и поплави загинаа десетици луѓе.
Поплавите во Европа во јули однесоа повеќе од 200 животи.