Орце Ѓорѓиевски во црква место да ги решава депониите


По многу децении на чекање и борба, Скопје повторно го добива својот свет храм како живо сведоштво дека Божјата промисла е посилна од сите човечки планови и дека верата никогаш не може да се сруши, изјави денес Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, на церемонијата за свечено отворање на храмот „Свети Константин и Елена“.

Додека граѓаните со денови протестираат за чист воздух и против депониите со отпад, тој покажа дека и сега за ВМРО-ДПМНЕ симбилоте се поважни од реалноста.

Храмот, првобитно изграден пред Првата светска војна и осветен во 1926 година, според најавите ќе биде место за утеха во тешкотиите, светилник на надежта и дом каде верниците ќе ги возвишуваат молитвите кон Бога.

„Свети рамноапостоли Константине и Елена, молете Го Бога за нас и бдејте над градот Скопје, за во него да владеат вера, мир и љубов“, порача Ѓорѓиевски.