Орце Ѓеорѓиевски на средба со културни работници


 

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓеорѓиевски, денеска се сретнал со културни работници, професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. 

Ѓеорѓиевски на Фејсбук напиша:

„Заедно со мојот советник за култура, Лазе Трипков, разговаравме за иднината на културниот развој на Скопје, за поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство, отворањето на нови простори за културна експресија, како и за соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции.

Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии. Сите идеи и иницијативи што денес ги слушнавме ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Град Скопје“.