Општина Куманово формира комисија за утврдување на причините за излевање на реките


Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) и во врска со зголемените врнежи на дожд. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Со оглед на прелевањето на речните корита на реките Крива Река во делот на Јачинце и Довезенце и река Пчиња во делот на с.Пчиња, ОШЗС излезе со препорака до АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле“ доколку имаат потреба од ангажирање на дополнителна механизација да достават Барање до Општина Куманово;

Потребно е ОШЗС да формира три члена комисија за утврдување на причините за излевање на реките од речните корита ;

ОШЗС препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19 донесени од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.