Општина Градско обезбеди бесплатен училишен оброк од 188 основци
Општина Градско од први септември во новата учебна година како редовен школски оброк за 188 основци од прво до петто одделение од ООУ„Даме Груев“ во Градско, и подрачните училишта во селата Виничани, Ногаевци, Кочилари и Водоврати. Како што инфрмира градоначалникот Киро Нацков, востановен е и одобрен бесплатниот училишен оброк е одобрен од Советот на негова иницијатива. Бесплатен обрик како пробно беше воведен во училиштата во април и мај во изминатата учебна година.

-Оваа моја иницијатива беше моја залоќба уште во мојата поредизбирна кампања како приоритет.Најважно е секој ученик за да може да ја следи наставата да добие оброк,а тој да биде бесплатен,а која веќе ја реализирав, потенцира Нацков.
Воедно тој најави дека од второто полугодие планира освен од прво до петто бесплатен школски оброк да добиваат и околу 120 ученици од шесто до деветто одделение во сите училишта во Општината
Општина Градско за стартот во училиште подели ранци и училишен прибор за 41 првооделенец во училиштата во Општината.
Воедно Општина Градско веќе една година обезбедува бесплатен престој со храна за 50 деца во градинката „Кокичиња“ во Градско.