Опозициските партии од коалицијата на СДСМ ја поддржаа резолуцијата за мигрантите


 

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со претставниците на партиите кои се дел од коалицијата на опозицијата на која била поддржана резолуцијата што ќе биде поднесена во Собранието за мигрантите.

„Разговаравме за сериозноста на состојбата во која сме соочени и притоа секој од нив даде свое мислење. Сите учесници се согласија дека е огромна опасност за Македонија да се вовлече во еден таков модел со којшто што мигранти ќе доаѓаат во нашата земја. Еве гледаме дека први мигранти доаѓаат во Косово и во Албанија. 

Јас сум задоволен и благодарен што сите ја поддржаа предлог резолуцијата за прекинување на овој процес за примање на мигранти и секако дадоа и свои конструктивни предлози. На сите им е позадината кристално јасна заднината, ние сме решени заедно да се бориме“, рече Филипче.

Тој ги повика ВМРО ДПМНЕ, премиерот Мицковски да не молчат, да одговорат на нивните повици и заеднички да ја потпишат таа резолуција. „Само така, ќе бидеме сигурен дека мигранти за пари во Македонија нема да има“.