Косовско Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија


Откако лидерот на Беса, Билал Касами,  најави  протести, а Африм Гаши напуштање на Собранието и негова блокада, денеска и предводникот на Демократското движење Изет Меџити вели дека избори со 6-члена изборна комисија ќе бидат нелегитимни.

-Се соочуваме со тенденција за фалсификат на изборите подготвена од господинот Талат Џафери, изјави  Меџити. Тој го повтори ставот дека ќе ги искористат сите демократски средства, па дури и порадиклани, повторувајќи дека можно е напуштање на Собранието. 

Според него, не може во Државната изборна комисија да има три члена од власта и три члена од опозицијата, односно во ДИК треба да има четири члена од опозицијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак најави дека ако опозицијата не го добие седмото столче во ДИК, партијата ќе ги повлече своите членови.

Инаку денеска, на плоштад „Скендербег“, Европскиот сојуз за промена ја отвори заедничката канцеларија на коалицијата.На отворањето на канцеларијата учествуваа претседателите на трите партии: Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење, каде за прв пат и официјално се претстави и Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник, Беким Ќоку како дел од опозицискиот фронт. Со косовската политичка партија Самоопределување ќе се води заедничка кампања и ќе има заеднички изборни листи.

-Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, и нова канцеларија заедничка, и кампањата ќе биде заедничка, и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување, изјави Меџити.