Олаф Шолц: „Црн ден за Европа“


 

Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди нападот на Русија врз Украина, нарекувајќи го „црн ден за Европа“ и изразувајќи ја „целосната солидарност на неговата земја со Киев“.

Шолц во изјавата во канцеларијата во Берлин во четвртокот рече дека новите санкции што ќе ги воведат Германија и нејзините сојузници кон Русија ќе покажат дека „Путин направи сериозна грешка со својата војна“.

Обраќајќи им се на сојузниците на НАТО во источна Европа, Шолц рече дека Германија ги разбира нивните грижи во светлината на најновите случувања и останува на своите обврски во алијансата.

Шолц рече дека тој и францускиот претседател Емануел Макрон предложиле наскоро да се одржи средба во живо на шефовите на влади на земјите-членки на НАТО.