Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце


Поради летните одмори на граничните премини со Србија и Грција се забележува зголемена фреквенција на возила.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека времето на чекање за влез во земјава на Табановце е околу 40 минути, а на Богородица и Дојран околу еден час. 

Според информациите на АМСМ, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.