Охридскиот аеродром утре со летови до Цирих и Милано, првите чартер летови на 5 јули
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утре повторно ќе биде отворен. За попладнето најавени се првите полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.
Првите чартер летови на охридскиот аеродром ќе се реализираат на 5 јули и тоа од и до Варшава, а на 25 јули од и до Амстердам.
Информации за останатите летови може да се најдат на веб страницата на охридскиот аеродром.