Огромни 74 отсто од граѓаните на Хрватска не го поддржуваат Трамп: нова анкета

Доналд Трамп во последните два месеци тектонски ја потресе светската политичка сцена. Огромно мнозинство на Хрватите не ги поддржува неговите политики, произлегува од новата анкета ХРејтинг на ХТВ. Тие не мислат дека ова е „новото нормално“ во светската политика.
Според податоците, најголемиот број од испитаниците, 58,8 отсто, воопшто не го поддржуваат она што го прави Трамп, а 15,2 отсто воглавно не го поддржуваат. Тоа значи дека вкупната бројка е 74 проценти.
13,8 отсто поддржуваат дел од неговите политики, некои не.
Поддршката за Трамп е во едноцифрени бројки. Трамп генерално е поддржан од 4,7 отсто од анкетираните, а целосно поддржан од само 3,4 отсто.
Како ќе се развиваат односите САД-ЕУ по меѓусебното воведување царини, е едно прашањата во анкетата: 16,5 отсто од испитаниците сметаат дека нема да има дополнително влошување на односите. Мнозинството, 56,6 отсто, сметаат дека доаѓа дополнително влошување на односите меѓу администрацијата на Трамп и Брисел.
14,1 отсто од испитаниците одговориле дека односите ќе се подобрат и ќе се вратат во претходната состојба во текот на следната година, додека 12,7 отсто не знаеле или не сакале да одговорат.
Каква е иднината на НАТО и европската безбедност?
Најголем процент од анкетираните, 53,8 отсто, сметаат дека НАТО ќе продолжи да се грижи за европската безбедност, но со значително поголеми трошоци за одбраната.
Одговорот дека НАТО во сегашната форма ќе исчезне и дека ќе се формираат европски одбранбени сили е 27,2 отсто.
14 проценти сметаат дека НАТО ќе се распадне, а секоја земја ќе се грижи за својата безбедност.