Ограбена поштата во пробиштипското село Злетово
Ограбена е поштата во село Злетово во Општина Пробиштип информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Тешката кражба се случила викендов, а непознатите сторители одзеле пари. Полицијата засега не открива колку пари со себе зеле крадците, кои на дрзок начин влегле во поштата.
– Вчера на 15 април во Полициската станица во Пробиштип било пријавено дека во периодот од 12 часот на 13 април до 5 часот на 15 април непознати сторители извршиле тешка кражба во поштата во село Злетово и одзеле пари, вели Панајотова.
Таа додава дека извршен бил увид во поштата и се работи на расчистување на случајот.