Ограбена аптека во Кисела Вода


Дневниот промет бил украден од аптека на територијата на Општина Кисела Вода во Скопје, стои во полицискиот билтен.

Имено, во понеделникот, околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Христо Татарчев“, едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.