Ограбена аптека во Аеродром
Во средата вечерта, непознато лице ограбило аптека на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје.
Според полицијата во 21.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Јане Сандански“ едно лице со закана од вработената одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.