Официјално потврдена смртта на петтемина патници во подморницата „Титан“

Остатоците од подморницата се откриени на 500 метри од потонатиот брод „Титаник“ што сакале да го видат


Компанијата „Оушн Гејт“ ја потврди смртта на петте патници на исчезнатата подморница „Титан“, чии делови денеска беа откриени на дното на океанот.

Остатоците од подморницата се откриени на 500 метри од потонатиот брод „Титаник“ што сакале да го видат. Опремата за слетување и задниот отвор на исчезнатата подморница беа откриени денеска од подморница со далечинско управување.

Соопштението на копманијата го пренесуваме во целост:

„Сега веруваме дека нашиот извршен директор на Стоктон Раш, Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеолет се за жал мртви.

Овие луѓе беа вистински истражувачи кои споделуваа посебен дух на авантура и длабока страст за истражување и заштита на светските океани. Нашите срца се со овие пет души и секој член на нивните семејства во ова трагично време. Тажни сме поради загубата на нивните животи и радоста што им ја донесоа на сите што ги познаваа.

Ова е крајно тажно време за нашите посветени вработени кои се исцрпени и длабоко тажни поради оваа загуба. Целото семејство OceanGate е длабоко благодарно на безброј мажи и жени од многуте организации на меѓународната заедница кои користеа широк опсег на ресурси и кои толку напорно работеа на оваа мисија.

Ја цениме нивната посветеност во пронаоѓањето на овие пет истражувачи и нивните денови и ноќи на неуморна работа за поддршка на нашата екипа и нивните семејства.

Ова е многу тажно време за целата истражувачка заедница и за секој член на семејството изгубен на море.

Со почит бараме да се почитува приватноста на овие семејства во овој најболен период“.

Отпадоците откриени во близина на потонатиот брод Титаник се од исчезнатата подморница, потврди американската крајбрежна стража.

Крајбрежната стража: Најдовме остатоци во близина на потонатиот брод Титаник