Официјално отворање на МЕФ 2019

На настанот што ќе се одвива во наредните два дена, чија тема е „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ ќе учествуваат високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката.
Расправата ќе се одвива прекупет панели, а на првиот панел на тема „Енергетска транзиција во светот и регионални предизвици во пристапувањето кон глобалниот тренд“ ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Енергетската заедница Јанез Копач. Модератор ќе биде директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Драган Миновски, а покрај Анѓушев и Копач ќе говорат и косовскиот и црногорскиот министер за економија, Валдрин Лука и Марко Радуловиќ.
За денеска е предвидено да се одржат уште два панела од кои првиот ќе биде на тема „Жените во енергетиката – можности и предизвици за родова еднаквост“, а вториот „Регионални предизвици во снабдувањето со природен гас“.