Одобрена согласност за грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за пругата Крива Паланка – граница со Бугарија


Владата ја разгледа Информацијата за доделување грант преку 25. повик за техничка помош и за 6. повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија како дел од Коридорот 8, со укажување со ЈП за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“- Скопје, да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).

Со овој грант, како што соопшти владината прес-служба, значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга помеѓу Северна Македонија и Бугарија, како дел од обврските на нашата земја во развојот на Паневропскиот коридор 8, а со добивање на инвестицискиот грант ќе се дополни финансиската конструкција за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, со што ќе се намали задолженоста на Република Северна Македонија.