Одложувањето не мора да го уназади развојот на британската вакцина


Брзањето ги натера научниците да размислат за претходно незамисливи кратки патеки

Британскиот министер за здравство Мет Ханкок денеска изјави дека одлуката на АстраЗанека привремено да го прекине тестирањето на вакцината против Ковид-19 е предизвик, но оти не значи дека мора да ги уназади напорите за развој на вакцината.

– Очигледно тоа е предизвик за ова тестирање на вакцината. Всушност, не е првпат ова да се случува со вакцината на Оксфорд, изјави Ханкок за Скај Њуз.

Тој прецизираше дека доцнењето нема да го уназади процесот за развој на вакцината, а сето тоа зависи од тоа што ќе се открие за време на истрагата.

Компанијата АстраЗанека, која работи на развој на вакцината со Универзитетот Оксфорд, соопшти дека привремено го прекинува тестирањето на вакцината, откако состојбата на еден од учесниците необјасниво се влошила.