Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска


Денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката.

Пред да почне судењето, судијката Кижевска рече дека на денешното рочиште ќе има само завршни зборови, а пресудата ќе биде донесена друг ден, меѓутоа поради писмен поднесок од страна на одбраната за нејзино изземање рочиште беше одолжено.

На обвинетиот Ахмети му се суди во отсуство, а во судскиот процес го застапува адвокатот Бесник Асани, кој е овластен од семејството.

Адвокатот Асани рече дека е песимист во однос на нивното барање и оти Обвинителството нема никакви докази во предметот во кој се товари Ахмети.