„Одеднаш слушам звук. Наредните 30 минути имав вртоглавица“: Новинарката на „Велт“ го опиша моментот на „нападот“ на протестот во Белград

Ден по најголемиот студентски и граѓански собир во Белград, на кој присуствуваа стотици илјади луѓе, продолжуваат да се појавуваат извештаи за големaта вознемиреност во центарот на градот, по она што граѓаните (и експертите) го опишаа како звучен топ.
Татјана Ом, новинарка на германски „Велт“ која вчера беше во Белград, на мрежата Икс проговори за своето искуство од инцидентот што се случи синоќа во центарот на градот.
„Со оглед на тоа што главната дискусија овде во Белград денес е за можна употреба на таканаречениот звучен топ LRAD, еве како јас го доживеав тоа. Стоев веднаш пред влезот во мојот хотел за да ги набљудувам 15-те минути тишина. Тишина. Збунета група луѓе пред мене. По 12 минути, одеднаш слушам звук. Не можев да идентификувам каков вид. Тогаш се огласи сирената и наеднаш пред мене се создаде панична гужва. Јас и останатите бевме приковани на влезната врата. Ситуацијата беше целосно збунувачка. Ни требаше време да се вратиме на нормални позиции. Луѓето продолжија да трчаат кон паркот на Славија“, пишува новинарката на „Велт“.
Evo još jednog ugla “kakav zvučni top, ništa nije bilo” momenta. pic.twitter.com/a1YNcSzUx8
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) March 16, 2025
Според неа, „во следните 30 минути чувствував голема вртоглавица, и имав необична внатрешна непријатност“. Тоа го препишав на гужвите, но може да се должи и на употребата на нешто, бидејќи сѐ повеќе луѓе пријавуваат слични симптоми. Пријавени се и болки во увото, вртоглавица и пореметување на сонот“, вели новинарката.
За потсетување, неколку стотици белграѓани кои вчера се собраа кај плоштадот „Славија“ ги споделија своите сведоштва со медиумите за инцидентот што се случи синоќа.
Според овие сведоштва, на оваа локација се случил напад со „звучен топ“, со нелегално полициско и воено оружје за контрола на поголеми групи луѓе, по што голем дел од нив пријавиле повреди предизвикани или од туркањето што следело по инцидентот или од ефектите на споменатиот звучен сигнал.
Претседателот на Србија, министерот за здравство, министерот за правда, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана ја негираа употребата на ова оружје. Вишото јавно обвинителство во Белград нареди истрага за ширење лажни вести за нападот, а Првото основно обвинителство најави истрага за самиот инцидент.