Одбиена тужбата на Вилма Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ


Граѓанскиот суд во Скопје, до одби тужбеното барања на обвинителката Вилма Рускоска, против лицата Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Судијата Андреј Димовски, при соопштување на пресудата рече дека тужбеното барање не усвоено, односно во рок од осум дена на странките ќе им биде доставена писмената пресудата каде истата и ќе биде образложена.

Полномошникот на обвинителката Рускоска, адвокат Панче Ефтимов, по објавување на пресудата рече дека ќе чекаат да го добијат образложението на изработената пресуда и соодветно на истото ќе се жалат.

– Според нас исполнети се условите за утврдување на клевета и одговороност за клевета, но ќе видиме судот како размислувал и што било намерата. Доколку се служиме со јазикот на ВМРО-ДПМНЕ, јавната критика и сарказмот произлегува дека „сваровски судијата” избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против нив што го избрале и се уште го држат за уши, рече адвокат Ефтимов.

Поднесената тужба за клевета од страна на обвинителката Вилма Рускоска, произлезе од последната изборна кампања на коалицијата „За обнова на Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде таа во две рекламни спотови „Криминална приказна” и „Штаб на лагите” се прикажува во негативен контекст.

Висината на штета кој го бараше обвинителката Вилма Рускоска, во овој случај изнесуваше 615 илјади денари.