Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола од ОИК

ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Изборниот законик уште незапочнати изборите. Од 16 листи со кандидати за советници во Советот на Општина Битола доставени до Општинската изборна комисија, само листата на ВМРО-ДПМНЕ е одбиена и вратена за да се направат измени, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ Битола.
-Дали на листата има кандидати за советници со кривични дела или лица против кои се води кривична постапка? Дали на листата не е запазена родовата еднаквост и не е дадена шанса на женскиот пол согласно Закон? Како планираат да го водат градот кога листа не знаат да состават? – прашуваат од СДСМ.