Одбележување на Денот на македонските инженери


Инженерската институција на Македонија денеска во Скопје ќе го одбележи Денот на македонските инженери, настан кој првпат се одржува по повод одбележување на105 години од формирањето на првото македонско здружение на инженери на 21 март 1920 година.

Во рамки на одбележувањето по првпат ќе се доделат награди за најактивно здружение на Инженерската институција на Македонија и за млад инженер на годината.

Настанот, на кој според најавите ќе се обратат претседателката на Инженерската институција на Македонија проф. д-р Христина Спасевска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, ќе заврши со панел на тема „Македонското инженерство во пресрет на индустријата 5.0“.