Од затвор на работа, па во ќелија: Катица Јанева работи кај адвокатот Лазар Јанев, нејзиниот син
Доброто однесува, издржаните 5 од седумте години затвор ѝ овозможија на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева да добие дозвола да се вработи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев. Оваа информација ја објави самата Катица Јанева на Фејсбук.
Со дозвола од затворската управа таа може секој ден да излегува од затворот, да се занимава со адвокатски работи и потоа да се врати во КП „Идризово“. Директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Станковиќ, во изјава за „Мкд“ вели дека платата на Јанева нема да оди во нејзиниот џеб, туку на сметка на затворот „Идризово“. Така што Јанева лично ќе придонесе за подобрување на финансиската состојба на „Идризово“ како надомест што може дел од денот да биде на слобода.
Ваквата погодност за Јанева не е ништо невообичано. Во истата изјава Станковиќ додава дека ваква привилегија е можна само ако некој осуденик има помалку од три години за доиздржување на казната. И дека од затворите дневно излегувале 100 лица користејќи ја ваквата погодност и навечер се враќале во ќелиите.